речник контакт

По 15 ново заразени и оздравени од ковид-19 во велешко, но и почината пациентка

Во Болница има хоспитализирано 49 пациенти

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко има 15 нови случи на лица позитивни на ковид-19 и исто толку оздравени пациенти. Со ова бројот на активни случаи остана на  369 лица, објавија од Министерството за здравство.

Има и почината пациентка на 59 годишна возраст од Велес, со повеќе коморбидитети, која се лекувала во велешка Болница. Таа е 248 жртва во велешко  на корона вирусот.

Во трите ковид одделенија од Болницата  има хоспитализирано   петмина пациенти повеќе од вчера,  49 пациенти. Од нив 38  е позитивни потврдени со ПЦР тест, еден е  непотврден и 10  негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Нема испишани како оздравени, има примено осум пациенти, четворица се на Инфективно одделение и исто толку во Модуларната Болница. На  континуирана кислородна поддршка се 15 пациенти“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова портпарол на велешка Болница.

На Инфективното одделение  се 20   пациенти, на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи има шестмина   и во Модуларната Болница има 23 пациент.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »