речник контакт

По 24-ти пат Благцето на баба (фото)

На маса се најдоа блага кои го носат споменот на едно минато време

Петар Печков

Повеќе од 300 жени, пензионерки од 20-тина града во Македонија, денес се собраа во Хотел Монтенегро,, на 24-тата манифестација ,,Благцата на баба,,.  Тие со себе понесоа дел  љубоморно сочуваните стари рецепти, кои ди дознале од дамнина, од нивните баби. На големата  маса се најдоа блага кои го носат споменот на едно минато време.  

Целта на манифестацијата е да се здржи  традицијата на подготовка на старински блага, кои сме ги научиле од нашите баби - рече Благојка Настова претседателка на активот жени пензионерки од Велес,  при Сојузот на пензионери.

Манифестација и натаму има хуманитарен карактер а собраните средства, од секоја влезница ќе бидат донирани на семејство или лице со социјален ризик.  

Гостите се дружеа, се потсетуваа на убавите мигови од претходните настани, но и го вкусија многуте слатки, изработени по рецептите на нивните баби, извадени од пожолтените домашни тефтери. Освен евоцирањето на спомените, гостинките си разменија по некој старински рецепт.

Софија Симовска од Тетово подготви назљифатми.

Ова е стар тетовски рецепт, останат од турско. Тоа е благ рецепт кој го прави безмалку секоја куќа во Тетово.  Топено благо кое се подготвува за Бајрам, Велигден, Божик, мекици за новороденчиња, за првиот ден по свадбата. Специфично тетовско благо - рече Софија.  Таа донесе и бабина чорба,со суви пи9перки и лук, кој се подготвува за Св. Трифун.  

Од Куманово беа донесени пужи-мужи, или по велешки пржајчиња.

Се подготвува тесто со квацес, со какао, во ролна и се сечат и се полеваат со шербет. Лесно се први и кога имам гости  го подготвува - рече Калина Бошковска од Куманово.

Симјановска Лена од Кичево подготви пиварчиња 

Се подготвуваат со пиво затоа се пиварчиња и кога ќе бидат готови се стават во шербет. Се подготвува за посни слави - објасни Лена 

Размена  Темелкоска од Кичево, донесе мантии.

Ова е солен специјалитет со сирење, еден вид тегнато тесто. Често го подготвувам, на две три недели. Го научија и снаите и ќерките и тие го знаат да го подготвуваат - рече Размена.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »