Петар Печков
Објавено: понеделник, 17 февруари 2025
По 30-ти пат велешките пензионерки ја организираа манифестацијата Благцата на баба, на која учествуваа повеќе стотини жени од десетина македонски градови. Тие низ песна, игрa, забава се дружеа и го одржуваа споменот на традицијата. Ce одржа во Росоман.
„Денес се чувствуваме посебно убаво, зошто и годинава се собравме на благцата на баба. Годинава сме домаќини на 30 здруженија, што не прави посебно горди и нас како организатори и манифестацијата како настан - рече Благојка Настова, претседател на активот на жени пензионерки при Здружението на пензионери од Велес.
И годинава манифестацијата имаше хуманитарен карактер, беа посетени домови на стари и изнемоштени лица и донирано од подготвените блага.
Гостите се дружеа, се потсетуваа на убавите мигови од претходните настани, но и го вкусија многуте слатки, изработени по рецептите на нивните баби, извадени од пожолтените домашни тефтери. Освен евоцирањето на спомените, гостинките си разменија по некој старински рецепт.На манифестацијата присуствуваше Станка Трајкова, претседателка на Сојузот на пензионери на Македонија.
Tweet |