речник контакт

По 36 пат се одржаа Средбите на извидниците во Голозинци (фото)

Средбите „Голозинци 2022“ имаа и натпреварувачки карактер во две категории за истражувачи и за извидници

Петар Печков

 Со учество на околу 150 извидници, викендов од 8 -11 септевмри, во извидничкиот центар Голозинци се одраа 36-тите средби на извидниците „Голозинци 2022“. Организатор на настанот беше Извидничкиот одред „Димитар Влахов од Велес.

„Средбите на извидници беа програмски организирани во насока на живот во природа, неформално образование, ориентација и топографија во непознат терен, прва помош и исхрана во природа. Со овие средби извидничкиот одред “Димитар Влахов“ ја  започна прославата по повод 100 години скаутизам во Велес 1922 – 2022, 70 години извиднички одред “Димитар Влахов“ и прослава по повод денот на Државноста на Република Македонија“ - кажа Ангелче Гушев старешина на одредот.

На средбите учество земаа извидници од Скопје, Прилеп, Штип, Кичево, Куманово, Виница, Кочани, Битола и  гости од  Ниш - Република Србија.

На  средбите на извидниците  имаше и натпреварување во две категории. Кај извидниците прво место за  ИПО “Сидро“ од Скопје, второ место на Првиот скопски извиднички одред и третото место  за ИО “Еквинокс“ од Штип

Кај  истражувачи и ровери првото место го освои патролата на ИО “Скаут“ од Куманово, второ место патролата на ИО “Мија Станимировиќ“ од Ниш Република Србија и третото место патролата на ИО “Еквинокс“ од Штип.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »