речник контакт

По 39 нови случаи и исто толку оздравени од ковид-19, со тројца починати велешани и еден од Свети Николе

Во трите ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 43 пациенти, шест помалку од вчера.

Петар Печков

По 39 нови  случаи на лица позитивни на ковид-19 од велешко и исто толку  39 оздравени . Ова е билансот за велешко  за изминатите 24 часа, кој го објави Министерството за здравство. Бројот на активни случи е  276 пациенти.

Во велешка Болница починати се  тројца  пациенти, сите со коморбидитети.  Маж и жена од Велес на 80 и 78 годишна возраст, како и еден жител на Свети Николе на 76 годишна возраст. Починат е пациент и на 53 годишна возраст, кој се лекувал на клиниките во Скопје,за кого соопштија од Министерството за здравство. Со ова бројот на починати во велешко се искачи до 306 лица.

Во трите  ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 43 пациенти, шест помалку од вчера. Hа Инфективно  се хоспитализирани  25, на  Интерно  седум и на Физикално 11 пациенти. Потврдено позитивен е 39, непотврдени  се четворица  и негативни се десет но со потреба од болничка нега.

„Испишани се шест пациенти со по еден негативен тест, ново примен е еден пациент  трансфериран од Интерно на Физикално  . На кислородна поддршка се 20 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велеc.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »