речник контакт

По 40 дена поправена е локомотивата и возот за Кочани киниса

Вчера, четврток возот од Скопје во Велес дојде со задоцнување од 40 минути а требаше да патува 60 минути

Петар Печков

По повеќе од еден месец, продолжи да вози патничкиот воз од Скопје за Кочани и обратно. Возот е пуштен во сообраќај средата попладне, информираа од ЈП МЖ Инфраструктура. Тој по возен ред од Скопје тргнува во  15,24, во Велес е во 16,20ч а од Кочани тргнува  во 5,26  во Велес е во 7,26ч .

Локомотивата е поправена и  патничкиот воз повторно сообраќа, според важечкиот возен ред - соопштија од ЈП МЖ Инфраструктура. 

Вториот ден откако сообраќа овој воз, вчера- четврток, иако требаше да стине по возен ред на Железничка станица Велес во 16,20 дојде во 17 часот, или за 60 минути патување,  доцнеше  40 минути.

Патничкиот воз  од и за Кочани, беше надвор од функција, оти на 22-ри јули утрото, локомотивата излета од шините, на приодот на железничка станица Јане Сандански, во правец од Велес. При тоа освен материјална штета, немаше повредени меѓу дваесетте   патници и возниот персонал кои се наоѓаа во него.  

Поправката на  дизел локомотивата траеше  повеќе од 40 дена, колку што време не сообраќаше патничкиот воз за Кочани.

Од  Македонски железници, чија заедничка комисија од  АД Транспорт и од ЈП  Инфраструктура извршија увид на местото,  се уште не ја соопштуваат причината зошто излета локомотивата, иако меѓу вработените се зборува дека е поради тоа што некој украл дел од металните навртки на пругата и ја оштетил, по што ги довел во опасност животите на  патниците во возот.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »