речник контакт

По 7 и пол години затвор за помош при дистрибуција на 100 кг марихуана

Обвинеите не се чувствуваат за виновни

Петар Печков

По седум и пол години затвор добија двајца жители од околината на Скопје, кои беа обвинети дека пренесуваат 100 кг марихуана.  

Скендер Барди од Горно Блаце и Музафер Исени од Визбегово,  во Основен суд Велес беа прогласени за виновни за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“. Тие не се чувствуваа за виновни, за делото за кое се товареа. Пресудата не е правосилна.  

Претходно третиот учесник како организатор, Јасер Барди, го призна делото и тој доби 6,5 години затвор.  Сите тројца беа уапсени на наплата рампа Сопот, на автопатот  Скопје - Велес, на 15-ти декември лани.    

Во багажникот на автомобилот  „БМВ“ кој го управувал   Јасер Барди,  биле пронајдени вреќи во кои имало околу 100 килограми марихуана, неговиот брат Скендер Барди  бил сопатник во возилото.  Обвинетиот Музафер Исени   имал задача да го обезбедува транспортот на дрогата како т.н. „чистач“ во друг автомобил кој бил пред „БМВ“-то.  

До правосилноста на пресудата обвинетите остануваат во притвор.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »