речник контакт

По 7 часа застој, поради запалена локомотива, ноќеска околу 22 часот е нормализиран железничкиот сообраќај

Пожарот го гаснеле двете лица кои управувале со локомотивата, машиновозачот и помошникот

Петар Печков

Застојот на железничкиот сообраќај во Македонија, порази заплена локомотива, траеше седум часа. Според Центарот за управување со кризи, сообраќајот бил нормализиран во 22ч. кога трите патнички воза кои биле сопрени на железничка станица Велес и Зелениково, еден по еден тргнале кон крајната цел. 

Пожарот на електричната локомотива бил забележан околу 14,40ч. вчера, во неделата, на товарниот воз кој од Солун сообраќал за Белград. Пожарот се случил на делницата Велес- железничка станица Рајко Жинзифов, непосредно пред влезот во неа.

Токму на оваа делница поради лошиот квалитет на пругата веќе два месеци возовите сообраќаат со брзина од 20 км/ж што можеби било одлучувачко, машиновозачот да сопре и ја откачи локомотивата од вагоните.

„Машиновозачот  ја откачил локомотивата во моментите кога огнот пламнал,за да не се прошири пожарот. Заради непристапноста за гаснење на запалената локомотива со противпожарно возило, таа била гасена  со противпожарни против пожарни апарати“ - соопштија од Центарот за уапување со кризи.

Пожарот го гаснеле двете лица кои управувале со локомотивата, машиновозачот и  помошникот оти на железничка станица Рајко Жинзифов, со години нема персонал.

Противпожaрниот воз на Македонки железници кој треба да интервенира за случај пожар покрај или на пругата, се уште не е во функција.  Возот и ангажираните работници дежураат од  почетокот  на јуни до крај на септември.

Најмногу чекале патниците од патничкиот воз од Скопје  за Гевгелија, кој по ред на возење тргнува во 16,55ч или скоро четири и пол часа.  Сопрени беа и патничките возови од Скопје за Битола, кој тргнува во 20,05ч како и патничкиот воз од Гевгелија за Скопје, која на станица во Велес бил околу 18,40ч.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »