речник контакт

По 8 ми пат Меѓународниот фолклорен фестивал Велес 2011

Од вторник до сабота Велес ќе биде домаќин на 8-от Меѓународен фолклорен фестивал на кој учество ќе земат 13 ансамбли од кои 5 се од странство.

Петар Печков

 Од вторник до сабота Велес ќе биде домаќин на 8-от Меѓународен фолклорен фестивал на кој учество ќе земат  13 ансамбли од кои 5 се од странство. Амфитеатарот од Младинскиот парк ќе биде место каде учесниците од Холандија, Романија, Словачка, Турција и Хрватска ќе се претстават со ритамот  и звуците на нивните народи и културното богатство.

 Верувам дека изборот на фолклорни ансамбли, а особено  нашите гости од странство и овој пат ќе го претворат Велес во центар на фолклорната ризница на Балканот и Европа. Со оваа богата програма и  годинава очекуваме квалитетно фестивалско издание со незаборавни моменти и за учесниците и за посетителите.Ја користам оваа пригода да ги поканам сите граѓани претстојните летни вечери од 28 јуни до 2-ри јули да си ги разубават со музиката, ората песните и раскошните носии на фолклористите од земјава и странство – изјави Томе Јаневски претседател на организациониот одбор на фестивалот.

Гостите од странство годинава ќе настапат и во општините  Свети Николе, Кавадарци, Градско и Чашка заедно со тамошните  фолклорни ансамбли од градовите домаќини. Третата фестивалска вечер на 30-ти јуни ќе донесе посебно уживање за публиката со настапот на специјални гости Ансамблот на  народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“  кои во Младинскиот парк, со почеток во 20:30 часот  ќе одржат за прв пат  целовечерен концерт во Велес.

Сите пет вечери концертите ќе се одржат во Амфитеатарот од Младинскиот парк, освен во среда кога тоа ќе се случува на платото кај Мало мовче. Терминот на почетоците за сите вечери е ист 20,30 часот. Фестивалот е финансиски поддржан о општина Велес о 800 илјади денари и 200 илјади денари од Министерството за култура.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »