речник контакт

По втор пат Велигденски рок фест во Велес

Гости Суперхикс, Фолтин за добра забава во салата Гемиџии

Петар Печков

 На трети мај во салата Гемиџии во Велес ќе се одржи вториот по ред   Велигденски рок фестивал.   Гости се  Суперхикс, битолчаните  Фолтин, прилепчаните The Hounds  и велешката група  Blue Sky.  Афтер парти е предвидено со ди џеи од Антена 5 радио. Билети во пред продажба може да се набават во продажните салони на One и Југотон како и на касата на спортската сала Гемиџии по цена од 200  а на денот на одржувањето на настанот влезниците ќе се продаваат по 300 денари.

Организатор на фестивалот е Здружението на граѓани за развој на културата ,,Велес Фест,,  финансиран од неколку спонзори а помогнат од Општина Велес. Тие соопштија дека на првиот, ланскиот Велигденски рок фестивал имало две илјади гости.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »