речник контакт

По година и половина пауза продолжи изградбата на експресниот пат Градско - Прилеп

Рокот на изведба е две години, должината на патот 15,5 км а инвестицијата е 25 милиони евра, поголемиот дел од ИПА Фондовите

Петар Печков

По година и половина  пауза, машините се вратија делницата од експресниот пат Градско - Прилеп.  Градежниците од компанијата „Штрабак“ деновиве  ги  продолжија работите на делницата Градско - Дреново, кои претходно беа оставени  од италијанскиот изведувач „Тиренаскави“ а делницата  Дреново -Фариш од шпаснкиот „Рубау“. Таму ќе гради кинески „Синохидро“. 

Деновиве изведувачот „Штрабак “ работи на  клучката и надвозникот кај Градско.   Рокот на изведба е две годни а  Министерот за транспорт Благој   Бочварски оптимистички најавува дека патот ќе биде готов  за пократок период.   

„За две години отсега, граѓаните ќе се возат по брз,  модерен и бездеен експресен пат кон Прилеп.  Знаеме колку е потребен на граѓаните заради побрза комуникација, заради поголем безбедност, заради развој на економијата.. Правиме се да го финишираме пред рокот“ - рече Бочварски.

По заминувањето на претходните изведувачи и на двете делници од Градско до Дреново и Дреново - Фариш, 35 отсто од работите биле завршени. Инвестицијата е 25 милиони евра, од нив 21,75 се од ИПА фондовите  а остатокот од републичкиот  Буџет. Експресниот пат е со должина од 15,5 км, предвидени се пет вијадукти и мостови,  по четири натпатници и потпатници, и две клучки кај Градско и Росоман.

Новиот пат ќе биде широк  12 мети, со две ленти за возење и две за застанување.  Дневно делницата Градско - Прилеп ја минуваат во просек по шест илјади возила, од различни категории.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »