речник контакт

По години чекање жителите на Горно Јаболчиште ќе добијат вода за пиење

Водоснабдителниот систем почна да се гради 2018 години и носи вода од Студеничани и преку планината Караџица да стигне до Горно Јаболчиште

Петар Печков

Завршија правните работи за ставање во функција на водоснабдителниот систем за Горно Јаболчиште, Општина Чашка. Со одлука на Советот на Општината тој е предаден на управување на ЈКПД Тополка Чшака.

Претходно Министерството за транспорт го предаде во владение на Општина Чашка. Водоснабдителниот систем почна да се гради 2018 години и носи вода од Студеничани и преку планината Караџица да стигне до Горно Јаболчиште.  

„Административниот и првниот дел е завршен, остана само техничкиот дел, по што водоводниот систем ќе биде пуштен во употреба, По многу години чекање, жителите на Горно Јаболчиште ќе добијат квалитетена вода за пиење“ – соопшти градоначалникот Суад Шаќирoв. 

Во наредниот период треба да биде изградена секундарната водоводна мрежа до домовите на семејствата на Горно Јаболчиште, каде живеат околу 2,5 илјади жители. Проектот е финансиран од Министерството за транспорт.

 фото Општина Чашка

АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »