речник контакт

По два дена одлагање, утрово е извршено третото авионско прскање против комарци

Се користи средство кое ги истерува инсектите од скривалиштата и побрзо ги уништува

Петар Печков

По два дена одлагање, поради неповолните временски услови, утрово, понеделник е извршена трета аеросолна дезинсекција на територијата на Општина Велес, соопштија од локалната власт.  Со третирањето била опфатена површина од две илјади  хектари.

Првично третото авионско прскање беше најавено за во саботата, 12 август, па одложено за неделата 13 август.  Општината оваа активност ја спроведува како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, согласно програмата за здравствена заштита за 2023 година.

„Аеросолната адултицидна дезинсекција за заштита од возрасни комарци на територијата на Општина Велес е извршена со средството KULFAK 50 ЕС, биоциден производ на производителот  KULSAN ILАС, од Турција и содржи 5% активна материја Cyfluthrinn, кој спаѓа во групата на пиретроиди. Истото е одобрено од Министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на решение 19-359/2 од 30.04.2018 година. KULFAK 50 ЕС е биоцид наменет за сузбивање на адултните форми комарци во населени места и јавни површини, крајбрежје на реки, езера и бари. Може да се применува од воздух или од земја во количина од 50 мл/ха.“ - информираа од локалната власт.

Велес е една од седумте општини во Македонија која годинава  врши комбинирано  земјено и воздушно прскање против комарци, од 48 општини во државата,  колку што годинава презеле мерки за нивно уништување.

Општина Велес потрошила  без малку два милиони денари за авионско прскање, кое на аукција го добила фирмата „Бониер“ од Куманово, додека за терестичкото прскање, од земја, на тендерот победил Центарот за јавно здравје од Скопје   со вредност од 56 илјади денари. Или вкупно Општина Велес платила  2,05 милиони денари

„Cyfluthrin-от спаѓа во групата па синтетските пиретроиди кои се постабилни од природниот пиретроин и имаат подобрено дејство, како што е истерување на инсектите од скривалиштата и побрзо уништување.  Избор се поради ниските дози и ниската токсичност за цицачите и човекот. До денеска не е забележано мутагено, канцерогено, ни тератогено дејство на пиретринот и пиретроидите“ - велат од Општина Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »