речник контакт

По дваесет ново заразени од ковид-19 и оздравени во велешко

Од пациентите кои се хоспитализирани 21 е од Велес, 16 се од Свети Николе и девет се од Јаболчиште

Петар Печков

Билтенот на министерството за здравство за изминати 24 часа, вброи и 20 нови случаи од велешко  позитивни на ковид-19 и исто толку оздравени.  Со ова бројката на активни случаи останува на 284 лица.  

Во велешка Болница до пладне имаше 62 згрижени пациенти, од нив 38 на Инфективно, 19 во Модуларната болница и петмина на Интерно одделение. Од вкупниот број  48 се позитивни, 8 се негативни но се на кислородна поддршка  и шест случаи се сомнителни.   

На кислородна поддршка се 27 пациенти.Како излекувани денес со по еден негативен тест се испуштни пет пациетни.   

Од згрижените пациенти во Инфективно и во Мудуларната болница 33 се невакцинирани а 22 се вакцинирани, од нив 10 со две дози и 12 со една доза вакцина.  

Од пациентите кои се хоспитализирани 21 е од Велес, 16 се од Свети Николе и девет се од Јаболчишта. Останатите се со по еднен пациент од помали населени места и од велешко и од Овчеполието.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »