речник контакт

По две години отстрането стеблото кое му се закануваше на мостот Гемиџии

Дервенци три часа го отстрануваа стеблото кое го донесе поплавата на 5-ти декември 2010 година

Петар Печков

Три часа траеше операцијата на отстранување на  трупот од стеблото, кое две години беше во реката Вардар и  закачено на столбовите од мостот Гемиџии во центарот на Велес. Така тоа ја загрозуваше безбедноста на мостот.  Вработените од ЈКП Дервен  имаа сериозни потешкотии да го извадат стеблото, тешко стотина килограми од реката. Мораа да го сечат, кастрат на помали делови, за да може багерот да го извади од водата. Ова е прва ваква акција на ЈКП Дервен аз отстранување на дрва од реката Вардар.

Заглавеното дрво претставуваше опасност за структурата на мостот и неопходно беше да се отстрани.  Поради  водостој на реката досега немаше можности да се изведе оваа акција без да се изложат работниците на опасност. За нејзино извршување  се искористи механизација од ЈКП Дервен, поточно ровокопач и трактори , како и работна рака, односно сечачи од РЕ Паркови и зеленило и работници од РЕ Комунална хигиена за утовар и транспорт на дрвото - изјавија од ЈКП Дервен.  Дрвото беше донесено со поплавата од 5-ти декември 2010-тата и овие две години исто толку пати процвета и разлисти иако беше во вода и без корен.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »