речник контакт

По две години пауза од 3-ти август по 18-ти пат, Фестивалот на античка драма „Стоби“

Во официјалната програма ќе бидат прикажани шест претстави, од нив две премиери. Во придружната програма изложба и кино проекции, филмови на Бранко Гапо

Петар Печков

Од 3-ти до 17-ти август , по две години пауза ќе се одржи Фестивалот на античка драма „Стоби“.  Новина е што од годинава, организација е доделан на Националната установа   Центарот за култура „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, и тоа со одлука на Советот.  Фестивалот годинава одбележува полнолетство, се одржува по 18-ти пат.

„Публиката ќе види 12 фестивалски настани во 14 дена. Во рамките на официјална програма, предвидени се седум претстави, со таа на свеченото затворање. Две ќе се одржат во локалитетот Стоби, останатите на сцената во велешки театар“ - кжа директорот на велешки театар Сашо Димоски.

Премиерно на отворањето ќе биде прикажаа претставата „Орестија“ во траење од три часа, копродукција на велешки театар и Националната опера и балет. 

На програмата се и претставите „Исмена“ на велешки театар,  „Орестија 1/4", дел од проектот Хорус, продукција на МКЦ Скопје, „Протеј, парче сеќавање кое недостасува“, исто така дел од меѓународниот проект "Хирус", продукција на Театар Ам Ленд, Грац, Австрија, „Бахки, краток преглед на распадот“ - продукција на НТ Битола, „Едип: коментари“ - премиера на НУЦК Ацо Шопов, Штип.

Фестивалот ќе биде затворен со претставата „Отело“, копродукција меѓу „Перипетија“, МНТ и НП Зеница која ќе биде изведена во чест на лауреатите.

Селектор на годинешното издание на фестивалот е директорот на велешки  театаро, Сашо Димоски. Гостите од Народно поозриште од Бања Лука (БиХ) со претставата „Дервишот и смртта“, го откажале во последен момент учеството., поради ковид состојбата.

Двете претстави „Орестија„ и „Протеј“ во локалитетот Стоби ќе се одиграат на просторот од Теодосијанската палата, со присуство на 200 гледачи. Амфитеатарот и оваа година се реконструира, па поради безбедноста на гледачите, пронајден е алтернативен простор каде ќе се одиграа две од претставите.  Во големата сала на театар,  претставите ќе ги следат по стотина присутни.

Сите драмски текстови, на претставите кои годинава ќе бидат прикажана на Фестивалот, ќе бидат печатени во книга, издание на „Полица“.

Билетите за фестивалот се во продажба по цена од 200 денари За разлика од досега, наградите за режија, претстава во целина и за машка и женска ролја,  нема да биде статуетка „Менада“, туку по еден дијамант од „Божиновски“ .  За наградите ќе решава жирито во состав Васил Зафирчев, Кети Борисока - актери и  Розе Трајчевска костимограф. 

Годинава Фестивалот  има и придружна програма во која  ќе биде поставена изложбата „Вита“ од Филип Петковски, а во соработка со Кинотека на Македонија ќе биде прикажан,три филмови на режисерот Бранко Гапо, во кино под отворено него на паркингот од театарот. Тоа се: „Време води“, „Истрел“ и „Македонска сага“.

Фестивалот финансиски е поддржан од Министерството за кутураа и од Општина Велес. Градоначалникот на Велес,  Аце Коцевски, како основач на Фестивалот ја повика публиката да ги посети претставите.   

„Очекувам дека публиката масново ќе ги посети претставите. На нив освен велешани ќе присуствуваат и гледачи од соседните општини. ќе уживаат во актерските, режисерските, сценографските, костимографските, танчерските и уметничките достигнувања на театрите кои ќе настапат со нивни претстави“ - кажа Коцевски.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »