речник контакт

По две кола ФК Бабуна и ФК Превалец на врвот од Третата лига Центар

Во оваа конкуренција настапува и помладиот лигаш од Превалец, екипата на ФК Тополка

Петар Печков

Се одиграа две кола од Третата лига Центар, во која настапуваат три велешки екипи, ФК Превалец, ФК Бабуна и ФК Тополка. По два натпревари ФК Превалец и ФК Бабуна имаат две победи  и се на врвот, додека ФК Тополка е во поголема група екипи со победа и пораз.

Во второто коли сите три екипи забележаа победа, ФК Превалец  на Братство од Житоше со  4:1, ФК Тополка над ФК Питу  Гули од Крушево со 4;3 и ФК Бабуна на гостувањето во прилепско Кривогаштани кај ФК Младост 1950 со  убедливи 0:5.  За одбележување е што во првото коло се одигра локално дерби во Превалец, каде се сретнаа двете кипи од населбата ФК Превалец и ФК Тополка а славеше постариот лигаш ФК Превалец со  4:1. 

Во третото коло ФК Бабуна го пречекува ФК Големо Коњари, додека превалчани гостуваат. ФК Тополка во прилепско Житоше на Братство 07 а ФК Превалец на ФК Ново Црнилиште близу Прилеп. Противниците имаат забележано по една победа и еден пораз. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »