речник контакт

По девет години затвор на таткото и синот Нацеви за грабнувањето на Опашот

Родителите на Стојанов нездоволни од изречената казна, обвинетите се жалеа полицијата ништо не презела додека Опашот ги малтретирал со месеци

Петар Печков

Таткото и синот  Петар и Борис Нацеви добија заедно 18 години затвор за грабнувањето на Ангел Стојанов Опашот.  Тие ќе треба да одлежат по девет години затвор по правосилноста на пресудата, откако беа прогласени за виновни за делото грабнување, кое го сториле за Стојанов  да не стори нови кривични дела. Ова е пресудата која им  беше изречена во Основниот суд во Велес и веднаш предизвика жолчни реакции во судницата. Родителите на Стојанов незадоволни од висината, роднините на осудените со плачење ја дочекаа пресудата.

Обвинетите Петар и Борис се виновни и тоа може да се заклучи од нивните изјави кои се контрадикторни, како во изјавите меѓу себе, со сведоците, со доказите,но  и со тоа што го кажале во истрага. Алибито на синот Борис дека во терминот до 19 до 23 часот бил со сведокот не стои оти според листата на повици во овој период тие меѓусебно во неколку наврати разговарале. Како тоа ако биле заедно.  Таткото измислува непостоечко лице  Јулијан кое го извршило грабнувањето, кое според МВР никогаш ја нема минато македонско- грчката граница, како и  автомобилот со кој тој наводно дошол – рече обвинителот Ивица Ефремов.

За мајката на Ангел Весна Стојанова, Петар и Борис се убијци и тие треба да добијат доживотен затвор но и да кажат каде  е телото на нивниот син.  За  одбраната казната е превисока и тие сметаат дека синот Борис е невин, додека таткото Петар го сторил во афект а главниот сторител не се тие двајцата.

Пресудата  е превисока и таа е базирана на претпоставки. Нема сигурни докази дека Борис е поврзан со грабнувањето, оти ниту еден од сведоците не го посочи како соучесник. Зборуваат за две лица, при што помладото е повисок од постариот за една глава а двајцата обвинети се со иста висина. И Борис и Петар се примерни граѓани на оваа земја, кои досега немаат направено ниту сообраќаен прекршок а не нешто друго. Но за жал системот затаил бидејќи не реагирал на поплаките за однесувањето на Стојанов.   Таткото Петар грабнувањето  го има сторено во афект – изјави адвокатот Акија Мандак кој најави дека ќе се жали на висината на казната.

Таткото Петар во завршниот збор  се жалеше дека институциите на државата затаиле а тие долго време трпеле тортура од Стојанов.

Четириесет пати имам пријавено во полиција дека Ангел ни се заканува, со нож, со бензин, со сила, но никој ништо не презеде. Како словенечки државјанин реагирав и до Словенечката амбасада но велешката полиција молчеше. Моето семејство беше загрозено по живот и кога никој од државните институции не спречи, морав јас да го бранам. Пред неговите родители изјавувам дека ниту знам каде е ниту јас го сокрив а се што сторив е во самоодбрана, под дејство на алкохол – рече Петар Нацев. Неговиот син тврди  дека е невин а главниот доказ на неговото алиби е побран предоцна.

Не сум сторил ништо од тоа што ме товарат. Доколку истражниот судија беше коректен и го прифатеше моето барање да се обезбеди снимка од бензинската пумпа на Макпетрол во критичниот час, ќе ме имаше мене со сведокот како во тоа време менуваме улје. Тој не ја побара а кога судот во процесот ја бараше беше доцна, снимката е избришана.  За разлика од Стојанов кој е докажан криминалец, јас немам никаква темна точка во мојот живот – рече Борис Нацев. 

Според обвинението на 7-ми март годинава на паркингот пред маркетот Туш  околу 19 часот таткото и син Петар и Борис Нацеви го сретнале Ангел Стојанов викан Опашот го претепале откако тој се заканувал да стори нови кривични дела против нив и нивниот имот. Полицијата има и поднесено кривична пријава  за опожарување на автомобилот на Нацеви, но процесот никогаш не започна. Стојанов откако бил претепан со мотки бил ставен во багажникот од автомобилот на Нацеви. Потоа го однеле кај вливот на Бабуна во Вардар по што е оставен на непознато место. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »