речник контакт

По девет часа работа отстранет одронот на земја на автопатот Катланово- Велес

Од ЈП Македонија пат поставени се сообраќајни знаци за претпазливо возење, бидејќи се можни нови одрони.

Петар Печков

Утрово во 6,20 часот исчистен е одронот на автопатот делница Катланово- Велес, кај месноста Ветерско, информираа од Центарот за управување со кризи. 

Одронот на земја кој се случи после обилните врнежи деновиве, го чистеле екипи на ЈП Македонија пат од Скопје и од Велес од двете страна на автопатот.

Од ЈП Македонија пат  поставени се сообраќајни знаци за претпазливо возење, бидејќи се можни нови одрони.  Возачите кои се затекнале на затворената делница користеле алтернативен земјен пат од Ветерско, кон стариот пат Велес- Скопје.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »