речник контакт

По еден ден повторно во велешко повеќе оздравени од ново заразени со ковид-19

Во велешка Болница се хоспитализирани 81 пациент а активни се 527 случаи

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко се оздравени 39 пациенти а 15 се ново заразени. ова се податоците кои ги објави Институтот за јавно здравје. Активни се 527 случаи а досега заразени во велешко се 5.402.

Во велешка Болница  се хоспитализирани 81пациент, кои се сместени 39 во Инфективно  одделение, осум во Интерно, седум во Физикално и 27 во Модуларната болница 27. Од  лежечките пациенти  59 се потврдени позитивни, двајца  се сомнителни и 20 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

„На кислородна поддршка се 26 пациенти. Испишани се десет пациенти како оздравени со по еден  негативен тест“ - информира д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »