речник контакт

По еден нов случај и оздравен пациент од ковид-19 во Велес

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 12 лица

Петар Печков

Идентичен е бројот, по еден на ново заразени со ковид-19, со бројот на оздравени пациенти во велешко. Ова се податоци за изминатите 24 часа, кои ги објави Министерството за здравство. Остануваат 17 активни случаи во велешко.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 12 лица. Нема испишани, нема ново примени.

„Потврдено позитивни  пациенти нема, непотврден е еден и 11 се негативно, но со потреба од болничко лекување. На кислородна поддршка се тројца пациенти“- кажа д-р Елена Левкова Ќулумова.

На Инфективно одделение се осум пациенти а на Интерно четворица.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »