речник контакт

По една година затвор за тројца штипјани кои краделе во месарници во Велес

Направиле штета од 73,6 илјади денари, најчесто во пари помалку во стока

Петар Печков

Тројца штипјани добија по една година затвор, оти ограбувале месарници во Велес. Ајрула Мемедов (23 год), Левент Асанов (21 год) и Мансун Асанов ( 22 год) беа обвинети за кривичното дело ,,тешка кражба,, а во Основен суд Велес прогласени за виновни и осудени. 

Делата ги сториле во временскиот период од 29.07.2016 година до 20.12.2016 година, по предходен меѓусебен договор.  Тројцата обвинети во пет наврати провалиле во туѓи затворени простории во Велес  од каде одзеле предмети сопственост на оштетените, во вкупен вредност од 40.379,00 денари.

Oбвинетите Ајрула Мемедов и Мансун Асанов  во два наврати провалиле во туѓи затворени простории од каде одзеле предмети сопственост на оштетените во вкупна вредност од 20.300,00 денари и еднаш обвинетите Мемедов и Левент Асанов  провалиле во туѓа затворена просторија, од каде одзеле туѓи предмети во вкупна вредност од 13.000 денари.

Сите тројца се наоѓаат на отслужување затворска казна, за сторено друго кривично дело и претходно се осудувани на казни затвор.  Трите лица пред судот тврделе дека  краделе еднаш,  но не знаат каде, други дејствија на извршување не презеле, како и дека не го сториле кривичното дело за кое се обвинуваат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »