речник контакт

По меѓусебна расправија, дедо прободел внук со нож а дедото добил удари со стап

Жител на Бузалково физички нападнал полицаец

Петар Печков

Неделата напладне  по кратка расправија но и меѓусебни удари, дедо прободел со нож внук. МВР со информации за овој инцидент.

Околу 15.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„8-ма Велешка Бригада“, во дворот од неговата куќа, А.Р.(75) со нож му нанел повреда на внукот А.В.(28) од Велес. А.Р бил приведен во полициска станица - соопштија од МВР. 

Од ЈЗУ Општа Болница Велес пак информира дека кај нив дошол пациентот  А.Б. кај кого била констатирана расеченица од 4 цм. во пределот на главата и се водела како телесна повреда, не била од сериозен карактер, па лицето било пуштено дома. Подоцна дошил и А.Р.  кој се жалел на повреди на раката нанесени од удар од стап а докторот констатирал  контузија на рака, па и тој бил пуштен дома. 

Саботата напладне, жител на село Бузалково физички нападнал полицаец, кој бил на служба. 

Околу 11,30 часот на локалниот пат Велес- село Бузалково на влезот од селото И.А.(42) физички нападнал полициски службеник при вршење службени дејства - пишува во соопштението на МВР.

По документирање на случаите против сторителите СВР Велес  ќе  поднесе соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »