речник контакт

По осми пат сe искачуваше Клепа, во чест на Александар и Калина (фото)

Учестуваа околу 350 учесници од повеќе градови на Македонија

Петар Печков

Вчера, недела околу 350  учесници беа дел од осмото меморијално искачување на врвот Клепа во чест на трагично загинатите Калина и Александар. Учесници имаше од повеќе градови од Маекдонија, како и тројца припадници на Мировниот корпус од САД.

„Во 2018-тата  на Клепа дојдоа и се искачија Калина и Александар, за прв пат. Следниот викенд трагично го загубија животот при искачување на Кајмакчалан. Во нивна чест е ово искачување на Клепа, се додека ги споменуваме, тие се живи“- порачаа организаторите.

Организатори беа СПЕД Клепа од Росоман, ЕГ Грин Пауер и ПСК Азот од Велес и општините на Росоман и Градско.

За сите учесници беше  обезбеден бесплатен ручек, пијалок и десерт во конаците на манастирот Св. Архангел во близина на село Горно Чичево.

Фото Ратко Гинов

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »