речник контакт

По осум години Општина Градско ја одблокора сметката

Општина Градско одбележа 23 години постоење. Признанија за најдобрите, наставник, ученик, крводарител

Петар Печков

Со свечена седница Општина Градско го одбележа 16-ти декември,  денот кога пред 23 години е формирана како организација на локалната власт. Градоначалникот Роберт Бешовски  се пофали дека  нашол начин да ја извлече Општина Градско од  како што рече живиот песок од долгови во кои била  пропадната до гуша.

Денес сè што ветив, а и многу повеќе од тоа, е остварено. Во новата 2020 година Општина Градско влегува со одблокирана сметка, без утужени долгови, но со големи планови. Излеговме од тунелот Во кој не се гледаше зрак светлина.Од 700.000 евра наследен долг  вративме 500,000 евра. Ние сме Општина која враќа стари долгови и гради нови проекти. Со одблокирана сметка, од нас се очекува уште повеќе. Наредната  година убеден сум  ќе бидат завршени веќе започнатите проекти, Откупен центар за земјоделски производи и Реконструкција на локалниот пат Долно Чичево – Градско, кој води до објект кој е под заштита на Заводот за културно наследство на територијата на општина Градско, тоа  е Манастирот Св. Архангел Михаил. Почнавме постапка за измена и дополна на Урбанистичкиот план на Градско со кој ќе се створат услови за нова инвестиција од страна на Агрокомбинатот Вардар Градско со нивен пратнер во висина од 10 милиони евра за изградба на Биогасна централа за производство на електрична енергија со капацитет од 3 мегавати и воедно  топлинска енергија, исто така во паркот во неосредна близина на железничката станица определевуаме парцела за изградба на Музејска зграда кој ќе има форма и лик како старата срушена железничка станица во Градско во 1944 година - кажа на свечената седница градоначалникот Бешовски. 

На свеченоста беа прогласени најдобриот просветен работник  Милка Петкова, најдобриот студент - Сара Рибарска, ученик во средно  Никола Трајановски и во основно Тамара Иванова. Признанија добија и за повеќе од сто  крводарувања  Тони Илиќ и Дончо  Николовски. За посветеност во работата во образованието и долгогодишната работа признание доби Благојка Климкарова. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »