речник контакт

По петти пат во Велес Мовембар (фото)

Преку Движењето Мовембар - Велес од почетокот на ноември со носење на мустаќи, со премена на изгледот, се погинува свеста за машкото здравје

Петар Печков

По петти пат  годинава група млади велешани се дружат, забавуваат и најмногу од се ги едуцираат машките сограѓани за машките болести.     Преку  Движењето   Мовембар  - Велес од почетокот на ноември   со носење на мустаќи , со премена на изгледот ,  за дел од  мажите украсот на машкото лице,   го привлекуваат вниманието на јавноста. 

Петти јубилеен пат го организираме Мовембар Велес, со цел погинување на свеста  за машкото здравје и за машките болести – рак на  тестиси рак на простатата и превенција од нив. Ако се прави поредовни контролата кај доктор барем еднаш годишно  , многу поефикасно ќе се решат овие машки болести. Ако секој од мажите отиде на превентивен преглед, нема да има потреба од последиците кои  се јавуваат подоцна.   Почесто мажите да посетат доктор а не во последен   момент,  кога  ќе се почувствував  некој здравствен  проблем, тоа сакаме да го постигнеме    – вели Ѓорги Нанов од движењето  Мовембар  Велес.   

За изминатите  три седмици, по почетокот на ноември    се собираат донации, преку касичка која се наоѓа во ,,Паб,, се продаваат маички со ,,V,,  логото   на годишното дружење и знакот од филмот  Вендета.  Завршниот дел симпозиум кога  ќе се дружат и но  ќе  го измерат мустаќите e закажан за последната сабота во ноември во ,,Паб,, во Велeс.  Организаторите велат дека има голем интерес за присуство не само од велешани туку и од други градови.      

Собраните средства од забавата и донациите се со хуманитарна цел и дополнително ќе одлучат за кога ќе ги наменат. За саботата забава помогна ,,Паб,, и Скопска пивара која донирала 200 литри  пиво од чија продажба средствата ќе завршат исто така за хуманитарни цели.  Дел од членовите на движењето на почетокот не месецов симболично беа забричени од бербер Зоки, со што започна и Мовембер. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »