речник контакт

По петти пат започна судењето за убиството во село Ореше

Синот на убиениот од предметот убиството во село Ореше, тврди знам кој е нарачателот но не знам кој е извршителот

Петар Печков

Во Основниот суд во Велес започна  петтото судење за случајот  ,,убиството во Ореше,,  , настан кој се случи пред 11 години. И додека  тројцата   обвинети  одбија да зборуваат за делото за кое се товарат, оти се досега што имале за изминатите осум години кажале пред судот, синот на убиениот  со тврдење кое досега не го изнел јавно.  

Не знам кој е извршител, но знам кој е нарачател.  Тоа е Ѓоре Петревски бидејќи само тој ни се има заканувано и мене и на татко ми. Сметаше дека некој од  нас пукал во него пред многу години. Подоцна добивавме закани беше пукано во автомобилот, куќата. И јас и татко ми минавме на полиграф за ова но ништо не се покажа. Тој пред полицајци во една пригода извади  пиштол и ни се закани дека ќе не убие. Се тоа е пријавено во  полиција  - изјави Ацо Милошевски, син  на убиениот Лазо Милошески.  

Судењето продолжува со сослушување на сведокот Златко Арсовски, кој беше првобитно загрозен сведок ,,Бреза,,. Апелација во напатствието за петтото судење бара анализа на  неговото сведочењето, поточно проверка на наводите дека му биле упатувани закани и уцени, дека бил присилуван, дека претходните изјави му биле наметнати.  

Убиството на    Лазо Милошевски (71 год)  се случи  на 2-ри декември во неговиот  дом во село Ореше, околу 20,40 ч. додека подготвувал вечера. Застрелан е од еден куршум, пукано е од околу 35 метри далечина, од дворот на соседите. Бил пронајден  мртов  утрото од страна  на соседите.  

Никој од нив ништо не видел, првите комшии  само слушнале истрели, што не ги изненадило, оти во селото често и беспотребно се пукало.  За обвинителството виновници се тројцата обвинети. Ѓоре Петровски како нарачател на убиството за сума од 20 илјади долари и како сторители браќата Ордан и Љупчо Горгиевски, кои му се внуци на застреланиот старец.

Велешката полиција против нив  поднесе кривична пријава на 4-ти ноември 2008-та. Од тогаш до денес Основниот суд во Велес донесе четири пресуди, три осудителни и една ослободителна.  Докажувањето на вината на тројцата обвинети трае  осум  години.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »