речник контакт

По празнично, пазарот во Велес полупразен

Велешките бавчованџии вчера како и повеќето други одмараа на 1-ви мај. И покрај скромната понуда цените останаа непроменети

Петар Печков

Пазарот  во Велес, вторнично никогаш по празен. Мала понуда, но затоа повеќе купувачи.  Градскиот пазар, ден по продолжениот празничен првомајски викенд  со празни тезги. Производителите ги имаше но во мал број, затоа прекупците стандардно беа тука. 

Кога е празник, е празник за сите. Така што повеќето од колегите вечера не береа, не работеа. Ние  до кај 2 саат  празнувавме, поручекта нешто обравме и еве понудивме на тезга – вели одгледувач на зеленчук од населба Дурутовец. 

Купувачите затечени од тоа што го видоа. Откако се` што имале  потрошиле за   празникот,  сега бараа да купат нова роба а не ја имаше ретко.

Празник е за сите, така што и производителите имаат право да одморат. Од оваа скромна понуда се најде нешто да се купи до петок или недела – вели велешанка кој со торбата заминуваше од пазар.

И покрај скромната понуда, кога цените скокаат, денес  цените останаа како и досега, непроменети.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »