речник контакт

По признание на вина добија 20 години затвор за вооружен грабеж

Се испланирале ама заборавиле да наточат гориво, па комбето со кое бегале сопрело и биле уапсени

Петар Печков

Кемал Ахмети ( 26 год) доби 13  години затвор а  и Агим Коруни (20 год)   доби 7 години и седум месеци  затвор за разбојништво, во кое украдоа 4 милиони денари и тоа од автомобил во движење.  

Двајцата скопјани ги признаа делата  за кои се товареа, пред судскиот совет од Основен суд Велес, по што беа прогласени за виновни.  Ахмети како повеќе кратен сторител на други кривични дела, за едно уште отслужува казна затвор,   доби повисоко ниво при одмерување на казната, согласно Правилникот. Бидејќи беше обвинет за две дела за едното доби 15  а за второто  пет или  единствена казна затвор од 13 години.  

Коруни во истрагата детално објаснувајќи го разбојништвото, раскажал дека  при бегството џипот сопрел во Градскиот парк, оти заборавиле да наточат гориво при планот за вооружениот грабеж. Така тие беа откриени и фатени.  

Вооружениот грабеж на автомобил  на  фирмата за обезбедување ,,Перпетум мобиле,, од Скопје, кој пренесувал пари на Стопанска Банка – АД Скопје, се случи на 8-ми февруари годинава близу Пензионерскиот дом во Велес.  Двајцата обвинети го чекале автомобилот  на пешачки премин пред Пензионерскиот дом околу пладне,  со закана по живот, со пиштол го сопреле возилото и од него однеле 4 милиони денари.  

Според обвинението организатор на разбојништвото е  Дритон Сулејмани од велешкото село Бузалково, кој е во бегство и  по него се трага. Тој ги подучил  обвинетите како да се дојде до парите, бил пред Стопанска банка кога автомобилот тргнал, им се јавил  на мобилен  на извршителите им кажал каде да чекаат, како да го сторат делото и каде да бегаат.    

Ахмети и Коруни сториле како што било договорено,  побегнале кон Градскиот парк и од таму со  комбе заминале. Но се случил пех, моторот  на возилото сопрел оти немало горови,   па тие се сокриле во напуштена куќа во Градскиот парк во Велес, каде ги пронашла полицијата, заедно со  парите кои останале во автомобилот.

Судот одлучи парите 4 милини денари да се вратат на  Стопанска банка АД Скопје, по правосилноста на пресудата. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »