речник контакт

По рецепт, сите за лек во Скопје

Болните од внатрешноста на земјава за специфични лекови ќе мора да патуваат до Скопје за да им ги препише субспецијалист, ова го предвидува Правилник кој го донел Фондот за здравство во 2007-та а неговите последици започнале да ги чувстуваат докторите и аптекарие неодамна.

Петар Печков

Нервно болни лица, срцево заболени, со болести на белите дробови и дишните патишта, шеќераши доколку сакаат да продолжат да ја земаат потребната терапија  еднаш месечно а некои и почесто ќе треба да го посетуваат Клиничкиот центар во Скопје каде ќе можат од субспецијалистите да ги добијат неопходните  медикаменти. За ваквата состојба докторите од јавното и приватното здравство и аптекарите дознале откако  инспекција на Фондот за здравство извршила проверка и казнила неколку аптекари од Велес. Тоа беше повод за нивна средба со надлежните од Подрачната единциа на Фондот за здравство.

Ваквата состојба страшно ги искомплицира работите. Листите се една работа а друга е практичната работа со пациенти. Ние се судруваме со нив. Тие сега се нафрлаат врз мене, незнаат за   новитетот на Фондот.  ,,Заласта,,  е лек кој се употебува за психотични состојби, шизофренија. Лекот  не смее да се прекине а за да му се препише тој ќе треба да оди во Скопје, а да го враќам на некој понизок лек, да го оставам на лексилум, јас имам грижа на совест и е штетно по неговата состојба – изјави психијатар од Велешката Болница. 

Се очекува реакцијата во следниот период да биде уште посилна и жестока, кога пациенти од далечните делови на земјава ќе започнат  да патуваат до Скопје да јго добијат неопходниот рецепт.      

Јас сум специјалист педијатар во примарна заштита. Поради ова спрејот ,,флексоназе,, нема да можам да го препишам, и како педијатар ќе препраќам кај колега педијатар во Болница. Тој што го донел овој правилник, за момент да се стави во улога на пациент од некое село  од било кој дел на Македонија, како ќе се чувствува. Од една страна Министерот вели дека непотребно ги испраќаме пацинетите  за преглед во Скопје а сега Фондот бара за да се препише лек, болните да одат таму. Замислете ја гужвата која ќе завладее во Клинички за најобичен рецепт – вели приватен доктор педијатар.

Аптекарите веќе ги посчувствувале последиците и  ги посочуват инцидентите со пациентите кои не ги добиваат лекарствата иако тие им се тука на дофат.Имало бројни такви примери, откако ќе го виделе лекот на рафт а нема да го добијат поради непочитување на процедурата, лицата да се закануваат и по живот на аптекарите. За надлежните од ПЕ на Фондот за здравство реакцијата е задоцнета, бидјеќи Правилникот е одамна во  снага но можни се корекции.

Вие како фела, доктори, апотекари, институциите, треба дадете образложение и да се изборите евентуално да се изврши промена на таа позитивна листа. Таа не е дадена еднаш за секогаш бидејќи потребите секојдневно се менуваат. Овој правилник е во функција и досега сте требале да ја видите оваа новост, која мора да ја почитувата и оваа реакција можеби е малку задоцнета. Сите сме затаиле што досега сме молчеле. Треба да кажете оваа новина е грешка и треба да се исправи – објаснија од ПЕ на Фондот на здравство во Велес.

Со ова решение голем трошок се создава кај пациентите, кои најмалку еднаш месечно ќе патуваат до Скопје за да ја добијат неопходната терапија. Според велешките доктори станува збор за околу илјада пациенти само од овој град, кои користат лекови од критичната листа, која се препишува кај субспецијалисти. Од Фондот за здрвство објаснуваат дека ваквото решение било поради големиот трошок кој произлегол откако позитивната листа на лекови била проширена со оваа терапија, десетина скапи лекови.

Надлежните констатирале дека имало зголемена потрошувачка, која тие како Фонд неможат да ја издржат. Затоа за да се сопре таквото трошење, а лековите да останат на позитивната листа, решиле да се воведе овој начин на препишвуање на  скапи лекови, наменети за срцево и нервно болните, шеќерашите, болните на дишните патишта и белите дробови, тие да патуваат до Скопје каде субспецијлист ќе потврдува дека навистина им требаат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »