речник контакт

По седми пат Ден на Турската заедница (фото)

Се понуди храна и забава за сите велешани во чест на Денот на Турската азбука

Петар Печков

Бројни велешани дојдоа на гости на седмата по ред манифестација ,,Отворен ден на турската заедница,,. Преку песна, игра и храна беа претставени Турците кои живеат во Велес. На овој настан дојдоа многу нивни пријатели, соседи со кои живеат со децении заедно.

Преку оваа манифестација го одбележуваме Денот на Турската азбука – 21 ноември. На овој простор нудиме песни и ора кој се дел од нашиот фолклор а кој е познат и за дел од сограѓаните, бидејќи сме тука заедно со векови.  Имаме и подготвено бројни турски сепцијалитети, кои ги користат и сите велешанки, тоа е заедничка храна која останала од дамнина – рече Бесим Ахмедов претставник на Турците во велешкиот Совет.

Средствата кои беа собрани од продажбата на храната беа со намена за децата со посебни потреби. На штандовите земаа учество 27 жени, припаднички на турската заедница. Тие подготвија полнети пиперки, полнети тиквиња, елбасан тава, каплама, мусака, сарма од лозов лист, турлитава и бројни други солени специјалитети, но и блага, пред се баклава, кадаиф, татлии....

Велешани го поздравија овој настан. Храната е нишка која ги спојува луѓето од Балканот. Иако за вкусовите не треба да се расправа, поставените  преполни софри, бргу беа испразнети. Секој сакаше да проба нешто што досега не вкусил, прашуваа како се подготвува, се бараа рецепти. Новина годинава која привлече внимание беше полнета тиква.

Се чисти внатрешноста на тиквата и во неа се вметнува мелено место, зеленчук –бамји, црн патлиџан, пиперки, морков, копмири, ѓувеч. Сето ова се поклопува со природниот капак од тиквата и се става во рерна или фурна. Се пече на 200 степени и тоа три часа. Кога е готово се поставујва на маса и се сече тиквата, па зедно со зајрето се дели на гостите – го образложи рецептот велешанката која го подготви  јадењето.

Тоа бргу беше изедено од гостите. Манифестацијата имаше една цел зближување на двата народи кои тука се со векови. Имаше презентација и дегустација на традиционални специјалитети на турската заедница, презентација на турската народна носи, на нивните  игри на нивните танци и народни песни. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »