речник контакт

По седум години затвор за Петревски и Димески, обвинети за палањето на викендичка во Капиново

И на двајцата обвинети им се продолжува притворот се до правосилноста на пресудата, но најдолго во времетраење на изречената казна затвор. Пресудата не е правосилна

Петар Печков

По седум години затвор добија обвинетите  Ѓоре Петревски од Ореше и Даниел Димески од  Прилеп за опожарувањето на викендичка во село Капиново. Тие беа обвинети за кривичното дело „Тешки дела против општата сигурност“ како соизвршители, со тоа што Петровски е обвинет дека  поттикнал со умисла да се стори делото.

Двајцата обвинети беа прогласени за виновни  по изведените вербални и материјални докази,  откако тие кажаа дека не чувствуваат вина. Објавата за пресудата е на веб страна на Основен суд Велес.  И на двајцата обвинети им се продолжува притворот се до правосилноста на пресудата,  но најдолго  во  времетраење на изречената казна затвор.  Пресудата не е правосилна. 

Двете лица Петревски и  Димески  беа обвинети  за кривично-правниот настан случен на  10 мај 2025 година во село  Капиново, кога со предизвикување на пожар е опожарена во целост куќата сопственост на оштетениот Давид Јорданов од Скопје. 

„Ми беше кажано дека треба да одиме во напуштена куќа во некое велешко село, за да одземеме компјутери со крипто валути и биткоини. За тоа ќе добиеме одредена сума на пари“ – кажа обвинетиот Димевски. Третиот обвинет Ѓоре Петровски не сведочеше. 

Претходно првообвинетиот  во ова дело,  Сашо Муневски од Прилеп призна вина  во раздвоена постапка и со правосилна пресуда веќе ја отслужува  казна затвор во траење од седум  години. 

Тој се појави како сведок во овој процес и во детали објасни како било договарано и што се случувало помеѓу нив тројцата во палењето на викендичката во Нежилово. Лицата кои тој ги кажа дека се нарачатели, обвинителката  во завршен збор рече дека тоа ќе биде предмет на натамошна обработка од страна на обвинителството.

„Лицето е  некредибилен сведок, кој  не ја говори вистината, инстриуиран е. Тој на мое прашање како сведок, зошто ја повлекол жалбата по изречената казна од седум години затвор за ова дело, рече дека немал пари. А имал да плаќа двајца бранители“ - рече адвокатот Митревски во завршен збор. 

„Телефонските разговори меѓу обвинетите, снимките од пожарот во викендичката, неспорно  покажуваат дека двајцата го сториле кривичното дело“ – кажа обвинителката Темелковски. Која побара при одредувањето на затворската казна да се има предвид дека обвинетите имаат лежено затвор за сторени кривични дела. 

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »