речник контакт

По седум дена пауза, проработи моноринг станицата за квалитетот на воздухот во Велес

Проблемот бил со климатизерот кој ја регулира потребната работна температура во просторијата каде е опремата

Петар Печков

Отстранет е проблемот, поради која мониторинг станицата која го покажува квалитетот на воздухот во Велес, една седмица не работеше.  Таа беше исклучена од работа на  1-ви април  и не работеше до 7-ми април,  во кој период  не ги покажуваше дневните вредности на ПМ10 честички и на Ѕ02 кои ги мери.  

Проблемот бил со климатизерот кој ја регулира потребната работна температура во просторијата каде е опремата, поради што беше исклучен од функција.  Службите на Министерството за животна средина, во чија сопственост е мерната станица, дефектот го  отстранија  завчера, во средата.

Мерната станица за квалитетот на воздухот „Велес 2“ е поставена во дворот на градинката во населба Тунел. Одредени студии доаѓаат до заклучок дека емисиите на издувни гасови влијаат и врз стапката на смртност од коронавирус.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »