речник контакт

По седумстотини патници дневно патуваат со воз во земјава, двојно помалку од лани

Во март и април бројот на патници дневно бил 200 лица кои користеле воз

Петар Печков

Од Македонски Железници- АД Транспорт  велат дека во домашниот железнички сообраќај овој месец дневно во просек има околу 700 патници, што е двојно помалку од лани  во истиот период, кога со воз дневно патувале по 1.500 лица.

На почетокот на пандемијата, во март и во април на домашните патнички линии дневно имало само по 200 патника.  И во железничкиот патнички сообраќај, како и во меѓуградскиот и јавниот превоз е во сила мерката за ограничување на капацитетот на превозот за 50 проценти, односно со два метра растојание меѓу патниците.

Овој период не се во важност бесплатните возни билети за млади, ученици и за возрасни лица.

Со  меѓународниот  воз Белград- Солун,  кој лани  беше во функција од јуни до 20 септември, дневно патувале по 30 патника. Годинава овој воз не сообраќа поради пандемија на ковид-19 и слабиот интерес на патниците. 

Товарниот железнички превоз, според податоците на МЖ АД  Транспорт, по растот од 29 проценти во првите два месеца од годинава, во март забележале намалување за 24,5 проценти.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »