речник контакт

По трет пат оштетен автомобилот на екс претседателот на велешки суд

Овој пат полеан со солна киселина и пробушени сите гуми

Петар Печков

Автомобилот марка форд фиеста, сопственост на Јордан Лазаров, екс претседателот на  велешкиот суд вчеравечер повторно  е оштетен.  Овој пат е  полеан  со  солна киселена и сите  четири гуми се пробушени со нож.  Настанот се случил на улица Нада Бутникошарева , на  паркингот  кај Градскиот  пазар  во  терминот  од 20,30 до 21,30 часот.

Автомобилот вечерта го возел неговиот  син, кој го паркирал, додека бил да спортува во блиската  спортска сала.  Кога завршил и  сакал да   си замине, се шокирал од глетката, автомобилот бил попрскан по кровот и хаубата а гумите избушени.  Ова е трето оштетување на истиот автомобил форд фокус. Лани  на 1 3 април беше опожарен а на  15  февруари годинава трите гуми беа пробушени. овие два  настани се  случија пред домот на Лазаров. 

Моето семејство после  овие три настани не е сигурно, не се чувствуваме безбедни. Полицијата  досега не успеа да  ги пројаде сторителите  ниту   на првиот ниту на вториот чин на оштетување на возилото- кратко изјави Јордан Лазаров.  Тој има сомнеж за можен сторител, кој мисли дека го предизвикал  делото,  бидејќи смета дека  синот бил следен и  било познато каде  се наоѓа автомобилот. Од СВР Велес  го потврдија настанот и додаваат дека преземаат мерки  за откривање на сторителот. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »