речник контакт

По три години пауза, повторно заплови Вардарската регата (фото и видео)

Годинава се сплавареше до Градско

Петар Печков

Вардарската регата, по три години пауза, повторно заплови по реката Вардар. Годинава во скратено издание, еден ден се плови до Градско, но оваа манифестација се враќа повторно меѓу настаните  во Велес. Како трговците,  кои со гемии, при крајот на 19-тиот век, стоката од Велес до Солун ја носеле со сплавови, така современите сплавари  тргнаа да пловат повторно по реката Вардар. Ова е 22-ра вкупно по ред Вардарска регата, педесетината учесници, на седум чамци, го оживуваат споменот на славните  Гемиџии.  

„Целта е негување на минатото, почит на нашите сограѓани, велешаните Гемиџиите кои пред 119 години го актуализираа македонското прашање пред Европа. Годинава ќе пловиме 30 км, без сплав, оти е ризично на овој водостој да сплавариме со неа. Добро е што денес Вардар има добар водостој и очекувам дека до 17ч. ќе стинеме до Градско, поточно Уланци. Сакаме оваа манифестација да биде бренд како Шарпланинскиот куп, Галичката свадба“ - кажа Ангелче Гушев организатор на Вардарската регати.  

Планираат следната година повторно таа да трае четири дена, со крајна цел Гевгелија.
И годинава Вардарската регата има меѓународен карактер. Има четворица учесници од Извидничкиот одред  Миа Станимировиќ од Ниш, кои е збратимен со велешкиот одред Димитар Влахов и 25 години соработуваат.

„И нашиот одред и вашиот ги воспитуваме младите во духот на патриотизмот, да бидат корисни членови на нашата заедница. Да ги почитуваат туѓите вредности и тоа беше целта на е нашето учество на регатата“ - кажа Слободан Тепавац од Ниш.
За разлика од претходните денови, оваа сабота нивото на реката Вардар беше нешто повисоко, што на учесниците ќе им овозможи стабилно пловење, 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »