речник контакт

По три дена, 39 повратници во хотел Монтенегро, од државен карантин заминаа дома

Со оваа новина им се два можност на повратниците, доколку скат со тестирање да докажат дека се негативни и веднаш да си одат дома а не по 15 дена државен карантин

Петар Печков


Нова група од 39 лица во државен карантин во хотел Монтенегро вчера го напушти објектот.  Тоа беа македонски државјани кои завчера  се вратија во земјава и денес се веќе во нивните домови.

Лицата заминаа во две групи, претпладне 21 попладне 18. На сите нив беше претходно правена биолошка анализа, земен брис. На сите лица резултатите беа негативни по што беа пуштени дом. - изјави д-р Страхил Тодоров, портпарол на итната помош, која  заедно со Општа Болница дaва по две дежурни екипи, кои се постојано присутни во објектот. 

Оваа  е новина неодамна воведена, со која на повратиците од странство  а се македонски државјани,  им се два можност од легално лиценцираните лаборатории, да изберат која ќе врши тестирање, доколку  не сакаат да останат во државен карантин 15 дена. Доколку резултатите се негативни, тие веднаш заминуваат дома.  Од оваа група 30 лица го искористиле тоа право, па во хотел Монтенегро останала група од осум лица. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »