речник контакт

По три дена, пробиен е патот до селата Горно и Долно Јаболчиште

Четири илјади жители на овие две села освен што беа отсечени од светот,живееја и во мрак

Петар Печков

Пробиен е патот до селата Горно и Долно Јаболчиште, каде живеат околу четири илјади жители. Тие три дена беа отсечени од светот, откако снегот и невремето го блокираа патот со општинскиот центар Чашка. Исто толку време жителите на овие две села биле и без електрична енергија.

Беше страшно, три дена  без комуникации со светот,патот завеан, навечер во мрак и темница. Добро е што немавме потреба од доктор за ова време, бидејќи ќе можеше да се случи нешто лошо. Еве денес понеделник напладне булдожерите стаса до селото, на наша голема радост  и струјата – изјави во телефонскиот разговор жител од селото Горно Јаболчиште.

Селаните од овие две села посочуваат дека често се случува да бидат отсечени од светот, поради лошиот земјен пат и очекуваат со нетрпение пролетва да заврши асфалтирањето на патот  во должина од  8 км. по што се надеваат дека ќе немаат вакви проблеми. Селата Долно и  Горно Јаболчиште се  на надморска височина од илјада метри во пазувите на Јакупица, под врвот Солунска глава.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »