речник контакт

По три дена пребарување, пронајдено телотo на жената за којa се верува дека скокнала од Мало мовче во Вардар

Телото го пронајдоа припадниците на специјалната единица „Тигар“

Петар Печков

По три дена претрага пронајдено е телотo на жената за која се верува дека скокнала во реката Вардар во Велес. Нејзиниот идентитет е потврден од страна на синот, дека станува збор за М.К. (55 год) од селото Сујаклари.

Полицијата за овој случај имаше кратка објава дека нејзиниот брат  на 30 декември ја пријавил за исчезната.

Од обвинителството соопштија дека телото ќе биде предадено на обдукција,за да се откријат причините на смртта.  

„На пладне, околу 12,20ч. на еден километар  од мостот на реката Вардар, кај селото Кочилари е пронајден на леш, од страна на припадниците на специјалните полициски сили „Тигри“. телото било извадено од реката. Три дена ги пребарувавме бреговите на реката Вар,р која овие денови е со висок водостој. работевме систематски темелно. Очигледно дека опремата, техниката и пред се знаењето кое го имаат специјалците, помогна за два часа да се најде телото, што е за рекордно краток период“ - кажа Лазар Лазаревски, спортски риболовец, учесник во претрагата на телото.

Освен нив во пребарувањето учествуваа и пожарникари и припадници на полицијата од ПС Велес. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »