речник контакт

По три кола ФК Борец лидер на Трета лига Југ

ВоТрета лгиа Југ победа за ФК Локомотива во Градско, реми за ГК Превалец дома, во женска втора лига висок пораз дома за ЖФК Борец. Победа и пораз за ракометарите на РК Бисинов и РК Борец во Првата лига

Петар Печков

Се одигра третото коло од Трета фудбалска лига Југ, каде се натпреваруваат три екипи од ОФС Велес. ФК Борец  победи дома со 4:0 против екипата на ФК Росоман, а дома ФК Превалец одигра нерешено со ФК Марена 1:1. ФК Локомотива во Градско водеше со 5:0 над ФК Бучин од Крушево  а натпреварот бил прекинат во 40 минута бидејќи се повредиле неколку играчи од гостинската екипа  па на терен останал со 6 фудбалери.   Во следното четврто коло следниов викенд, ФК Борец кој е лидер со 7 бода, е слободен, ФК Превалец повторно игра дома, но овој пат  со ФК Големо Коњари а ФК Локомотива гостува во прилепско Лажани кај ФК Слога.

Женската екипа на ФКЖ Борец во третото коло дома загуби со високи 0:10 од скопски ЖФК Вардар, кој годинава за прв пат е формиран и се натпреварува во Втората лига.

Се одигра второто коло од Првата ракометна лига, победа и пораз за велешките екипи. РК Бисинов победи со 42:19 (22:11) над РК Кичево во „Б“ групата, додека во „А“ групата МКР Борец загуби во Штип од РК Текстилец со 38:14 (17:7) .

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »