Петар Печков
Објавено: четврток, 14 април 2022
По три нови случаи со ковид-19 и исто толку оздравено има во велешко, изминатите 24 часа, соопштија од Министерството за здравство. Така бројките на активни случаи остануваат на 15 лица. Починати од последиците на корона вирусот во велешко нема
Денес, четврток во двете ковид одделенија од велешка Болница, се водат дека се згрижени се седум пациенти, четворица помалку од вчера. Hа Инфективно хоспитализирани се двајца а на Интерно се пет пациенти. Ново примени нема а испишани се двајца пациенти
„Еден пациент е потврдено позитивен, по три лица се непотврдени но и негативни но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка се тројца пациенти “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес
Tweet |