речник контакт

По четврти пат велосипедска оф роуд тура околу Велес (фото)

Околу 250 учесници возеа 35,4 км по околината на градот

Петар Печков

Изминатиот викенд во Велес, во рамките на фестивалот на пити и вино „Питијада 2017“, се одржа и велосипедски настан  на кој  според организаторот учествуваа  250 учесници од повеќе градови од Македонија.

Организаторите од ЗГ Велес Бајкинг- Велес се погрижија сите, кои утрото дојдоа во Велес да се чувствуваат релаксирано, да го поминат денот во прекрасно дружење и возење по интересната патека по велешката околија.

Се возеше предвидена патека од 35,4 км која ветува многу за тие кои прв пат ја возат, а за  “редовните“ да  ги повторат позитивните емоции. Првиот дел од патеката се возеше од левата страна на Вардар по земјен пат опкружен со лозови насади, а над неа  надвиснат ридот „Гроот“.

Првата пауза беше во манастирот Св. Петка, а потоа атракција  – возење велосипед по висечки мост на реката Вардар, за висок  адреналин. Потоа следи возење и обиколка на  езеро Младост, а пред крај класичниот off road спуст и возење покрај реката Вардар. Крајот на турата, некаде по 14:30 часот е таму каде што започнаа – во дворот на Гимназијата.  Ова  беше 4-та  по ред велосипедска тура. 

Имаше учесници,  екипи и здруженија од Прилеп, Кавадарци, Струмица, Демир Капија, Драчево,  кои се редовни и се побројни, за прв пат оваа година и Штипјани, Кочанчани и Битолчани. Учесниците од Скопје се како домаќини, а поединечно имавме гости и од Охрид, Св. Николе, Куманово, Неготино, Виница.

Останува уште да ги убедиме велешани да се охрабрат и да излезат да возат- вели организаторот Зоран  Јаневски од ЗГ Велс бајкинг. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »