речник контакт

По четврти пат групна крштевка во Бабуна

Двестина верници верници добија закрилник - ангел чувар кој ќе ги пази во нивниот живот. Бројката се намалувa бидејќи има се помалку некрстени во општината

Петар Печков

Во реката Бабуна денес се изврши групно крштевање на дваесетина верници. Ова е четврти таков чин на Повардарската епархија со кој на вакво начин се предаде светата тајна - крштевањето. Ако изминатите години имаше по стотина лица кои беа крстени, годинава бројката е осетно намалена.

Овој чин  е влез во  црквата, за да може потоа секој човек да ги ползува  сите световни моменти. Овие верници денес добија  закрилник - ангел чувар кој ќе ги пази во нивниот живот.  Бројката  годинава се намали бидејќи  се помалку има некрстени во општината, но таа традиција ќе продолжи и наредната година, за секој кој не е крстен да може да пристапи кон Христовата вера  -изјави Ристе Јанушев протојереј  свештеник од велешкото намесништво на Повардарската Епархија на МПЦ.

Најмладиот учесник имаше 3 години,а освен од Велес имаше и верници кои се крстија од Штип, Неготино, Кавадарци.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »