Петар Печков
Објавено: недела, 02 март 2025
Одбојкарите на ОК Борец со 3.1 (-22, 25,33,16) ја совладаа екипата на ОК Работнички и се зацврстија на третото место. Тоа води во разигрувањето за шампион на Македонија. Натпреварот беше израмнет и два сета се играше на разлика. Ова беше петто коло. Во следното гостуваат во Тетово на екипата на Шкендија.
Фудбалерите на ФК Борец во битолско Новаци одиграа нерешено 1:1 против истоимената екипа, која беше 11-то пласирана. Велешани поведоа со голот на Чичевски во 15 минута, домаќините израмнија во 54 и тоа беше конечниот резултат. Ова е втор бод од гостувањето пролетва за ФК Борец а остануваат претпоследни со 7 бода. Во следното коло на Градски доаѓа петто пласираниот тим, ФК Каменица Саса со 31 бод.
Ракометарите на РК Фруитленд загубија од шесто пласираниот тим на РК Бутел во Скопје со 27:35, иако на полувреме беше 15:14. По ова 20 коло велешани остануваат 10-ти со 7 бода. Во следното коло во Велес доаѓа РК Прилеп кој е 7-ми со 16 бода.
фото: ФБ/ФК Борец
Tweet |