речник контакт

Победа во дербито за одбојкарите на ГОК Борец, кошаркаpите на Борец баскет како гости го победија лидерот КК Соколи

Ракометарите нa РК Бисинов елиминирани во 1/16 од Купот

Петар Печков

 Одбојкарите на ГОК Борец ја потврдија третата позиција на табелата, откако  во дербито на колото во Пробиштип со максимални 0:3 ја совладаа домашната екипа на ОК Весна. Домаќините со победа ќе беа трето пласирани, но наместо тоа, доживеаја пораз од велешани кои покажаа квалитет и сигурност во играта. Со ова заврши првиот дел од првенството на Прва лига, кое продолжува на 4 февруари со разигрување на шесте најдобро пласирани екипи, каде освен ГОК Борец  се и ОК Струмица ЏИО, ОК Шкендија, ОК Весна , ОК Лирија, ОК Либеро.  

Кошаркарите на КК Борец баскет направија „чудо’“  победија во Штип, против првопласираната екипа на КК Соколи. Домаќините кои по поразот на лидерот КК Вардар од втората екипа  на КК Работнички, еден ден беа лидери, ама и тоа беше кратко. Велешките кошаркари приредија големо изненадување и победија со   68:76 (36:42), иако досега имаа само две победи.

„Победа против првопласираната екипа до овој момент, победа со која докажавме дека прерано не отпишаа! Предноста ја имавме во текот на целиот натпревар а ја заклучивме со цврста одбрана во 4/4“ - порачаа од клубот. По ова 9-то коло КК Борец  баскет е 10-ти  а во следното коло игра  со екипата на МКК Куманово кој е  8 ми на табелата со пет победи и четири порази, заедно со четири екипи .  

Овој викенд се играше 1/16 финале од ракометниот куп. Велешкиот прволигаш РК Бисинов играше во Скопје против членот на Супер лигата РК Скопје и загуби со 47:17 (24:9).  Во оваа ваза се игра само еден натпревар по кој поразениот излегува од натпреварувањето.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »