речник контакт

Победа за футсал екипа на Велес

Заврши првенството на Третата лига Југ, Превалец четврти, Борец 1919 петти. Пораз за фудбалерките

Петар Печков

 Футсал екипата ан Велс со победа во претпослденото коло се спасува од бараж за опстанок во Првата лига. Велешани славеа во Штип, против третопласираниот Јувентус со  6:4. Со овие три бода тие се 7-ми на табелата со 34 бодови, 2 повеќе од осмиот Мал Ајакс. Во последното кло, Велес дома игра со второплсираната екипа на Шкупи  од Скопје и потребен им е еден  бод за да останат на ова место, кое носи опстанок во оваа конкуренција. Место подоле е за  бараж за опстанок.

Фудбалерките на Борец играа натпревар од претпоследното коло на Првата лига во Струмица, каде се поразени од Тиверија со 2:0. По ова Борец падна на 8-то место  во лига која бори 10 екипи. Во последното коло кое се игра на 28 мај велешанки дома за разделба играат со новиот првак Драгон од Скопје. 

Заврши фудбалската  Третата лига Југ со добар пласман за двете велешки екипи. Превалец е четврти со 37 бодови а Борец 1919 е петти со 30 бодови.  Во последното коло натпрварот во Превалец со 11-ти Октомври од Прилеп не се одигра оти гостите не допатувале по што е регистриран со службени 3:0 за превалчани.  Борец 1919 пак на гостувањето во Неготино кај новиот првак Вардар  го заврши со убедлив пораз од 4:0.     

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »