речник контакт

Победа за КК Борец баскет иако губеше со -17

Одбојкарите на ГОК Борец загубија со 2:3 a имаа четири меч топки

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец загубија дома со 2:3 од екипата на ОК Шкендија од Тетово. Велешани има три меч топки во петтиот сет, но не успеаја да поентираат за победа и радости. наместо нив, тоа го сторија гостите од Тетово. Тие водеа и со 1:0 и со 2:1 а велешани стигнуваа. Првите два сета натпреварот беше толку израмнет што се играше на разлика  26:28 а вториот 29:27, третиот  15:25, четвртиот 25:19 а петтиот 20:18.  Ова беше натпревар од втората фаза на Одбојкарското првенство, на најдобрите шест екипи. ОК Борец е петти со мали шанси да стигне од плеј-офот за титулата каде одат првите четири.  Во следното коло велешани играат повторно дома, овој пат со екипата на ОК Универзитет Тетово.

Кошаркарите на КК Борец баскет  се незапирливи. Во Втората лига. Тие ја забележаа осмата победа од девет натпревари. Го совладаа  скопски КК Вардар кој е второ пласиран со два бода повеќе од КК Борец баскет. Но за одбележување е што велешани на оваа средба надополнија негатива од -17 поени во последната 4-та четвртина 41:48  и на крај се радуваа со 69:63.  Последната четвртина ја добија со 30:7.  Така на убедлив начин се реваншираа за поразот есеноска, кога велешани загубија добиен натпревар.  Во следното коло велешани гостуваат во Струга, кај ланскиот прволигаш екипата на КК Црн Дрим, кој е при дното со скромен ефект. 

фото Радица Дукова

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »