речник контакт

Победа за КМФ Кеги моби во Свети Николе

Победи за ФК Превалец и ФК Борец и пораз за ФК Локомотива во Градско, во Трета лига Југ

Петар Печков

Во првата футсал лига во шестото коло ФК Кеби моби победи со 4:6 на гостувањето во Свети Николе кај КМФ Овче Поле. По ова коло велешани имаат по три победи и три порази.  Во следното коло дома во салата Гемиџии играат со екипата на КМФ Шкупи.  

Во деветтото коло од Трета фудбалска лига ФК Борец на домашен терен со 3:0 ја совлада екипа на ФК Марена која беше петто пласирана. ФК Превалец  на гостувањето кај последно пласираниот крушевски ФК Бучин победи со 2:4 а ФК Локомотива во Градско беше поразена од лидерот ФК Големо Коњари. По ова коло екипите од ОФСД Велес остануваат на истите позиции., ФК Превалец е втор со еден бод помалку до првопласираниот, ФК Борец е трет со 17 бода четири помалку од лидерот, ФК Локомотива е 9 со 7 бода.  Следното коло, следниот викенд ФК Борец игра дома со ФК Ултрас кој е претпоследен со 7 бода, ФК Превалец ја пречекува екипата на ФК Слога од прилепско Лажани која е 8 со 9 бода  а  ФК Локомотива гостува  ФК Младост од прилепско Кривогаштани,  седмо пласирана со 11 бода.

фото ФБ/ КМФ Кеги моби

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »