речник контакт

Победа за ФК Локомотива од Градско во дербито во Трета лига Југ

Пораз за КМФ Кеги моби во Валандово во Првата футсал лига

Петар Печков

Вчера, вторнично, празнично натпревар од седмото коло играше футсал екипата на КМФ Кеги моби. Гостуваше во Валандово, каде загуби со 10:4 (4:0) од екипата на  КМФ Проект од Јосифово. Втората велешка екипа КМФ Велес гостува кај шампионот КМФ Шкупи, во Чаир, средбата се игра утре, четврток.   

Вчера се одигра вонредното 11-то коло од Третата фудбалска лига Југ. Трите екипи од подрачјето на ОФС Велес забележаа победа и пораз, како и еден неодигран натпревар. 

По  разочарувачкиот реми на домашен терен во саботата, ФК Локомотива од Градско победи во дербито со соседот на табелата ФК Обршани како гостин со 3:5, во натпревар со многу голови и возбудувања.  ФК Превалец требаше да игра против  ФК Дојранско езеро, но гостите поради повеќе играчи позитивни на ковид-19 дел и во изолација не допатуваа.  ФК Илинден и натаму е лесен залак за противниците, загуби дома со 1:5 од лидерот ФК Ново Црнилиште и  го забележа осмиот пораз.  

По ова коло ФК Локомотива од Градско е трета со 22 бода, ФК Превалец е  четврти со 18 бода а ФК Илинден БС е претпоследен, 15-ти со четири бода.

Викендот се игра 12-тото коло. ФК Локомотива игра дома во Градско со ФК Големо Коњари од истоименото прилепско село која има само шест бода и е 14-та,ФК Илинден повторно е домаќин во Башино село овој пат на ФК Вардар од Неготино, кој е седми со 17 бода  а  ФК Превалец гостува во Удово на екипата на ФК Младост  која е деветта со 14 бода. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »