речник контакт

Победа за ФК Превалец, порази за ФК Локомотива и ФК Илинден

Десетто коло Трета фудбалска лига Центар

Петар Печков

Победа и два порази е ефектот на екипите од  Општински фудбалски сојуз Велес, кои настапуваат во Третата лига  Центар. ФК Превалец победи со 3:2 против екипата на ФК Младост од прилепско Кривогаштани, а е четврто пласирана на табелата.  Со оваа победа превалчани  остануваат втори на табелата со 25 бода,  бод помалку од лидерот ФК Росоман 83.

ФК Локомотива во Градско загуби со 0:2 од екипата на ФК Динамо од  прилепско Мажучиште која беше 11-та и по  ова коло  фудбалерите од Градско останаа последни, со само пет бодови. 

ФК Илинден од Башино село на гостувањето во прилепско Големо Коњари загуби од истоимениот тим со 4:2 а домаќините беа соседи  на табелата,  12-ти.  По овој пораз ФК Илинден е 11-ти со  10 бодови. 

Во следното 11-то коло,сабота ФК Превалец гостува во кавадаречка Марена каде игра со истоимениот тим, кој е десетти со десет бодови.  Недела ФК Илинден БС во локалното дерби, ја пречекува ФК Локомотива од Градско. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »